дома Европа Марин Ле Пен: ЕУ е мртва ама тоа се уште не го...

Марин Ле Пен: ЕУ е мртва ама тоа се уште не го знае

– ЕУ е мртва, но уште не знае за тоа. Доживеа неуспех во секој поглед: во економски, во социјален, а невработеноста е на високо ниво. Неуспех има и на безбедносен план бидејќи ЕУ не е во состојба да ги заштити своите граници и не може да не заштити од тероризам, изјави таа за германски Билд.

Ако експериментот има таков неуспех со него треба да се заврши, оцени Ле Пен.

Таа наведе дека во случај на победа на изборите во Франција, ќе бара од Брисел низа ограничувања што се однесуваат на националните граници, економијата и правото.