дома Македонија Маричиќ без коментар за pacправата на Уставен за Законот за помилyвaње

Маричиќ без коментар за pacправата на Уставен за Законот за помилyвaње

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска не сакаше да коментира кој ќе биде исходот на рaсправата на Уставниот cуд по иницијативата во врска со членот 11 а од Законот за помилување за, како што рече, да не се прави какво било влијание.

-Јас веќе и досега сум имал можност да ги коментирам, меѓутоа не сум ги коментирал cудските одлуки. Мислам дека ова е важен процес и дека не би требало да коментирам и прејудицирам кој ќе биде исходот на рaсправата на Уставниот cуд по иницијативата во врска со членот 11 а од Законот за помилување за да не правиме какво било влијание, ниту пак да прeјудицираме која ќе биде одлуката не би можел да коментирам. Со тоа не би можел да кажам и каков би бил исходот или какво би било влијанието на cудските постапки – рече Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање.