дома Актуелно МАСАКАР ВО ТУРЦИЈА: Премиерот Димитриев изрази сочувство до неговиот турски колега Јилдирим

МАСАКАР ВО ТУРЦИЈА: Премиерот Димитриев изрази сочувство до неговиот турски колега Јилдирим

Премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев изрази сочувство до турскиот премиер Јилдирим.

Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:

Почитуван премиере Јилдирим, Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Истанбул длабоко ме потресе и вознемири.

Осудувајќи го овој акт на терор Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете им ги на семејствата на жртвите.

Граѓаните на Македонија се со граѓаните на Турција во овој тежок миг.

Македонија и Турција стојат заедно со целата меѓународна заедница во борба против тероризмот кој претставува глобална закана за човештвото и кој мора да биде поразен.