дома Актуелно МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ: Македонци од сите градови ја покажаа „црвено-жолтата“ линија!

МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ: Македонци од сите градови ја покажаа „црвено-жолтата“ линија!

И денеска огромен број на граѓани се одзваа на повикот од Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА на собирот за зачувување на унитарноста на Република Македонија. Голем број на граѓани се уште пристигнуваат пред Владата од сите страни.

 

Маршевите за зачувување на унитарноста на државата се одржуваат и попладнево  на повик на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

За разлика од вчера, денеска освен во Скопје, маршеви има и во Куманово, Прилеп, Штип и во Кичево.