дома Европа (Во живо)МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУДИМПЕШТА: Илјадници се судрија со полицијата во Будимпешта...

(Во живо)МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО БУДИМПЕШТА: Илјадници се судрија со полицијата во Будимпешта поради контроверзен работнички закон!

Демонстранти се судрија со унгарската полиција во главниот град на земјата Будимпешта, откако парламентот го изгласа новиот закон кој демонстрантите го нарекуваат „Закон за poбови“

Со промената на законот за работни односи, се дозволуваат дополнителни 400 часа прекувремена работа која работодавачите можат ја побараат од вработените, наместо досегашните 250 часа. Поради ова, демонстрантите го нарекоа овој закон „закон за poбови“.

Дополнително, амандман во законот кој предизвика дополнителен гнев кај синдикатите е членот со кој се дозволува работодавачите да доцнат со исплата на часовите дополнителна работа до три години.