дома Локално Машко лице со прострелна рана во глава пронајдено во Куманово

Машко лице со прострелна рана во глава пронајдено во Куманово

Непознато машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зграда, лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, потврди МВР.

Од МВР соопштија дека случајот во СВР Куманово пријавен е во 7.35 часот.

На местото на настанот увид вршат екипи на крим техника од МВР, јавното обвинителство и судска медицина.