дома Хроника МВР во тeкoт на вчepaшниoт дeн kaзни 513 вoзaчи вo Скопје

МВР во тeкoт на вчepaшниoт дeн kaзни 513 вoзaчи вo Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 513 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 35 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 148 прекршоци, за нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 39 возачи.

Исто така, казнети се 82 мотоциклисти и одземени се четири мотори.

Изречени се 75 мерки за непрописно паркирани возила и 72 возила се подигнати со пајак (вкупно 147), а изречени се и 104 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.