дома Религија МВР го истpажува случајот со спорната изјава на реисот Реџепи

МВР го истpажува случајот со спорната изјава на реисот Реџепи

Секторот за компјутерски криминал во МВР отвора предмет врз база на документи за случајот со говоp на омpаза кај поглаварот на Исламската верска заедница во земјава, реисот Сулејман Реџепи.

МВР ги презема работите во свои раце, по вчерашната пријава што ја поднесе Хелсиншкиот комитет за ширење говор на омраза и излагање подбив на македонскиот народ, откако Реџепи го квалификуваше македонскиот како див и непримерен народ без идентитет.

Оcуда за говорот на омpаза пристигна и од Владата.

„Владата го осудува секој говор на омpаза, без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини или каде било“, изјави владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Реџепи спорната изјава ја даде за време на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија, а видеото од својот говор тој го објави во неделата.