January 30, 2023, 9:08 am

МВР не издава возачки дозволи оти нема обрасци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за внатрешни работи не издава возачки дозволи оти нема обрасци, тврдат граѓани кои деновиве се обиделе да добијат исправа за управување со моторно возило. Според нив проблем е да се извади возачка дозвола и за новоположени, но и за оние кои треба да направат замена на дозволата поради истечена важност, променето презиме или изгубена, односно оштетена исправа.

-Вчера бев да извадам возачка дозвола, но немаат обрасци. Не знаат кога ќе добијат. Дозволата ми е неопходна, но во МВР креваат раменици – вели граѓанин кој тврди дека со истиот проблем се соочува цела Македонија.

Република се обиде да добие одговор зошто нема обрасци во земјава и кога граѓаните може да извадат нови возалки дозволи. Но двата обида беа неуспешни. Во текот на вчерашниот ден испратиме меил до МВР

Во интерес на објективното информирање, ве молам да ми одговорите на следните прашања:

До нашата редакција пристигна информација дека МВР нема обрасци за возачки дозволи, поради што е оневозможено вадењето на нови дозволи. Дали се соочивате со ваков проблем?
Доколку навистина нема веќе обрасци, за колку време се очекува да пристигнат? Кога граѓаните може да извадат нови возачки дозволи?

Но одговор не добивме. Денеска истиот меил беше испратен пред 11 часот. Но одговор до сега нема.

Не е првпат да се соочиме со ваков проблем. И минатата година, во јануари граѓаните се жалеа дека не можат да извадат документи поради недостиг на обрасци за возачки дозволи и пасоши. Претходно истиот проблем беше и со личните карти. Како причина за недостигот беа наведени лошите анализи за набавки од раководството кое не зело предвид дека ќе има зголемена побарувачка на лични исправи поради изборите, поради измените за издавање лекови на рецепт исклучиво со документ за идентификација, а не биле соодветно преброени и документите издадени пред 10 години чија важност истекува и граѓаните ќе побараат обновување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This