дома Македонија МВР ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ЛУЃЕТО КОИ СКАНДИРАА НА МЕЧКИН КАМЕН: Се работи...

МВР ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ ЛУЃЕТО КОИ СКАНДИРАА НА МЕЧКИН КАМЕН: Се работи на идентификација на луѓето кои ширеа говор на омраза во Крушево

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево.