дома Македонија МВР РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Интерпол ќе трага по петмина лица во врска...

МВР РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА: Интерпол ќе трага по петмина лица во врска со настаните од 27-ми април

Петмина државјани на Македонија се бараат со меѓународна потерница на Интерпол во врска со настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Како што е објавено на веб страницата на МВР, од денеска со меѓународна потерница се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски.

Ним им се припишува делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април во Собранието.