МВР со засилени контроли во справување со пиротехничките средства

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата преку Министерството за внатрешни работи превзема мерки за справување со пиротехничките средства, а само во последните неколку дена се запленети над 30.000 парчиња пиротехника и приведени се неколку лица. МВР со засилени контроли и за новогодишните празници.

Ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот портпарол Душко Арсовски прашан за превентивните мерки за справување со пиротехнички средства. Арсовски потсети и на казните предвидени за прекршување на јавниот ред и мир.

Паралелно Министерството продолжува со превентивни активности за да се спречи употребата на овие средства. Во оваа прилика само потсетуваме на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир којшто во член 31 предвидува глоба во износ 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној којшто неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, информираше Арсовски.

Latest News

Getting Started with the 82 Lottery App A Comprehensive Guide

Have you ever dreamed of winning big in the lottery? With the 82 Lottery App, you can turn that...

More Articles Like This