дома Европа Меган Маркл го издаде кралското семејство?

Меган Маркл го издаде кралското семејство?

Славниот пар Меган Марк и принцот Хари истакнале дека не учествувале во креирање на книгата „ Пронајди ја слободата“, но многу не им веруваат.

Војводата и војвотката не биле вклучени во креирањето на книгата „Пронајди ја слободата“. Книгата е заснована врз искуствата на авторите како кралски дописници и нивната независна изјава – се тврди во соопштението.

Покрај сомневањето дека комуницирале со авторите на книгата преку пријатели и вработени, една реченица од книгата покренала сомневања дека самата Меган им давала изјави на писателите. Имено, авторите на книгата тврдат дека наводите од истата биле „потврдени од два извора“.

Хари знаеше дека Меган е вистинската за него. Нивната љубов беше реална, а нивните чувства беа искрени, кажал изворот.