дома Локално МЕГА ПРОЕКТ НА БОГОЕВ: Градоначалникот на Карпош ќе прави Парк во Градски...

МЕГА ПРОЕКТ НА БОГОЕВ: Градоначалникот на Карпош ќе прави Парк во Градски Парк

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев најави дека започнале со изведба на нов парк во Карпош или Градскиот Парк.

Според фотографиите од приложената објава може да се види дека станува збор за дел од Градскиот парк, поточно влезот во паркот од страната на хотелот „Александар Палас“.

По најавите на Богоев дека Карпош ќе добие нов парк и ќе се зголемат зелените површини, мора да се забележи дека ова е далеку од нов парк, напротив станува збор за веќе постоечка зелена површина и за дел од Градскиот парк.

Овој дел од паркот, како што се наведува во проектот ќе биде опремен со урбана опрема, а ќе се посади и некое стебленце плус.

Богоев ќе прави парк во  Градскиот парк, објавата можете да ја видите тука.