дома Македонија МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра...

МЕГА-СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Една судијка од Управен суд искеширана со 400.000 евра од СДСМ?

Снежана Трповска е судијката за која се зборува дека била искеширана со 400 илјади евра за да гласа за приговорот на СДСМ за прегласување во Теарце на ИМ 2011 – пишува порталот Журнал

Парите биле дадени во текот на минатата вечер во црна вреќа, посредник бил Вице Заев, а конекцијата бил сопругот на Трповска – пишува порталот.

Потврда дека Трповска го продала скапо својот глас е фактот што одлуката за прифаќање на приговорот се знаела однапред и кадрите на СДСМ се фалеле јавно за тоа уште пред да биде донесена одлуката – стои во информацијата која ја пренесува Журнал.нет

Во Куманово, во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во кабинет на директорката Марина Манојловска, еден од ново избраните пратеници од СДСМ Максим Димитриевски, искоментирал дека успеале СДСМ да завршат работа на Управен Суд – пренесува Журнал.нет

Со ова се отвора дилема од каде се црните пари, се потврдува дека СДСМ е целосно насоцена кон фалсификување на волјата на граѓаните и нејзино поништување. Ова е сериозен случај на поткуп и нова ерозија на правниот систем – прашуваат од редакцијата на Журнал.нет

 

Преземено од Журнал.нет