дома Актуелно МЕДИДУМСКИТЕ МЕДИОКРИТЕТИ СЕ СКРИЈА ПОД КОШУЛА: Громогласен молк на новинарските здруженија за...

МЕДИДУМСКИТЕ МЕДИОКРИТЕТИ СЕ СКРИЈА ПОД КОШУЛА: Громогласен молк на новинарските здруженија за скандалот со договорот на Миленко Неделковски!

Во момент на разоткривање на најмрачниот документ за цензура во историјата на светското новинарство, цеховските ЗНМ и МАН громогласно молчат.

Кога на новинар му се забранува да мисли, коментира, обработува и емитува теми кои сите други можат да ги прават, вештачките најразлични новинарски групировки си го одмолчуваат. Овој историски момент го пропуштија да се издигнат над завидливоста, медиокритетството и непрофесионалноста.

Вчера, новинарот Миленко Неделковски во својата емисија на Радио Слободна Македонија ги откри деталите на договорот кој еднострано го раскина, поради досега невидениот начин на замолчување на слободната мисла и говор.

Како што изјави и Неделковски, Канал 5 телевизија под притисок на Амбасадата на САД му забраниле тој да ги коментира политичките случувања во државата во пресрет на парламентарните избори, но и локалните. Дотолку повеќе што во договорот дури се забранува и новинарот своите ставови да ги изнесува и на социјалните мрежи.

Катастрофален и поразителен факт, за кој ниту една новинарска, медиокритетска групировка на себе-нереализирани новинари решија да одмолчат, плашејќи се дека „мечката“ може да заигра и во нивниот двор.