Повеќе од 300 медиуми во САД започнаа кампања насочена против нападите од претседателот Доналд Трамп и за промовирање на слободата на медиумите.
Првично позитивно одговорија околу 100 медиумски куќи, а со приклучувањето на големите национални весници во САД и на помалите локални, нивниот број достигнаа до 350. Солидарност со американските медиуми изрази и британскиот весник „Гардијан“, кој во својот коментар оценува дека Трамп е првиот претседател кој „води смислена и конзистентна политика на поткопување, делигитимирање, па дури и загрозување на работата на медиумите“.