дома Здравје МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН: Жена го преспала породувањето на нејзиното бебе!

МЕДИЦИНСКИ ФЕНОМЕН: Жена го преспала породувањето на нејзиното бебе!

Џоди Робсон (25) живее во Бирмингем, Англија и има многу ретко здравствено нарушување.Како што велат докторите, таа има Клајн-Левинов синдром (КЛС) познат и како синдром „заспаната убавица“ поради кој Џоди многу тешко се буди кога ќе заспие.

Најчудно од сè е тоа што го преспала сопственото породување. Таа заспала пред породувањето со своето прво дете и го преспала целиот процес. Се разбудила неколку дена подоцна.

Од ова нарушување Џоди страда од нејзината 12. година, а се случува кога ќе се разбуди да не се сеќава која е и каде се наоѓа. Понекогаш иако делува како да е будна, сепак, не е свесна што прави.