December 8, 2022, 6:59 am

МЕПСО има нов директор од Алтернатива на сред енергетска криза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов директор на државниот преносен опаратор МЕПСО ќе биде Орхан Муртезани, поранешен портпарол на Алтернатива.

Тоа место оваа партија која влегува во власта го превзема од ДУИ, чиј кадар Куштрим Рамадани си заминува од директорската позиција.

Оваа промена во МЕПСО доаѓа во време кога земјава е во голема енергетска криза, а МЕПСО има проблеми и е принудена да плаќа пенали.

МЕПСО заради недостатоците на ЕСМ и на приватните снабдувачи со струја, од регионалната мрежа повлече струја во вредност од 18,5 милиони евра. Рамадани изјави дека биле превземени 80.000 мегаватчасови, а од тоа кусокот во производството на ЕСМ за тој период бил 70.000 мегаватчасови и другите приватни снабдувачи биле кратки за десетина илјади мегаватчасови.

За недостатокот на струја што го предизвика ЕСМ, а треба да го плати МЕПСО државата од централниот буџет за МЕПСО издвои една милијарда денари односно 16,26 милиони евра. Од приватните снабдувачи со енергјиа, МЕПСО парите ќе треба да ги наплати сам со пресметана пенализација за компаниите кои не испорачале струја според потребите за своите потрошувачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This