дома Балкан МЕРКЕЛ ЌЕ ТЕРА КАМПАЊА ВО ГРЦИЈА: Закажана посета на германската канцеларка во...

МЕРКЕЛ ЌЕ ТЕРА КАМПАЊА ВО ГРЦИЈА: Закажана посета на германската канцеларка во Грција – ќе го поддржува Преспанскиот договор!

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Атина на 10 и 11 јануари, информираат грчките медиуми. Според „Катимерини“ причината за посетата е изразување на поддршка за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот парламент

“Изборот на датум не е случаен: неколку дена подоцна, освен ако нешто непредвидливо не се случи, Заев и Владата ќе стават крај на уставните измени и промената на името предвидени во преспанскиот договор, по што следува ратификација во грчкото Собрание.

Како што пренесуваат германските медиуми, Меркел сака да оствари посета во Грција за да му даде поддршка на Алексис Ципрас во процесот на ратификација на Преспанскиот договор.