дома Спорт МЕСИ ЗАМИНУВА ВО СИТИ: Клубот подготвен да плати 500 милиони евра!

МЕСИ ЗАМИНУВА ВО СИТИ: Клубот подготвен да плати 500 милиони евра!

Англискиот шампион Манчестер Сити е подготвен да ја активира откупната клаузула од 250 милиони евра за најдобриот фудбалер на Барселона, Лео Меси, но и да му понудат цифра за плата во нето износ, пренесуваат шпанските медиуми.

Како што наведува “El Mundo”, поранешниот потпретседател на Барселона, Феран Соријано, кој вомоментов е функционер кај “граѓаните”, веќе имал разговор со таткото на Меси и менаџерската агенција која го застапува Аргентинецот.

Понудата од Сити за меси доаѓа за време на преговорите за потпишување на нов договор со Барселона, според кој би требало да се зголеми излезната клаузула на 700 милиони.

Затоа од Манчестер сакаат да побрзаат и да го направат најголемиот трансфер во историјата на фудбалот, односно да го надминат оној на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони.