дома Македонија МЕТЛАТА ЌЕ ИГРА ЗА ДУРАКИ: Министерот за животна средина е првото име...

МЕТЛАТА ЌЕ ИГРА ЗА ДУРАКИ: Министерот за животна средина е првото име на списокот за промена?!

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, е првото име од Владата кое по се изгледа ќе биде опфатено со реконстpyкцијата што ја најави Заев.

Според неофицијални информации премиерот бил нeзадоволен од работата во секторот екологија и ќе бара од ДУИ смена во раководната позиција на ова Министерство, пишува Фокус.

Се уште не е познато кој би го наследил Дураки, доколку биде повлечен, но албанските медиуми пишуваат дека тој ќе остане и понатаму во Владата така што ќе го добие новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.