дома Македонија МЕЃУ 10 НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Скопје и вечерва руши неславни рекорди!

МЕЃУ 10 НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Скопје и вечерва руши неславни рекорди!

Владата само ги замачкува очите на скопјани. Скопјани повторно се гушат во загадениот воздух, а главниот град и денес се најде помеѓу 10 најзагадени градови во светот. Привремените мерки кои денес ги спроведоа владата на СДСМ и Петре Шилегов не донесоа никаков ефект.


Нивото на загаденост и во текот на денешниот ден е алармантно. Мерните станици на квалитет на воздухот на повеќе локации низ градот измерија огромно загадување неколку пати над дозволениот максимум.

Шилегов и СДСМ пред изборите ветуваа брзо решавање на проблемот со загаденоста, ги излажаа граѓаните дека имаат решение и дека ќе спроведат итни мерки, за трајно решавање на проблемот. Но веќе 4 месеци жителите на Скопје се гушат во загадениот воздух, а популистичките привремени мерки кои ги носи владата не носат никаков резултат.

Владата и Шилегов не превземаат ништо да го решат овој проблем. Се повеќе од јасно станува дека немаат идеја и план како да го решат проблемот со загаденоста на воздухот.