January 30, 2023, 10:13 am

Мигpaнт yбил француски имиграциски службеник бидејќи го одбилe за aзил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бегалец од Судан, со нож убил француски имиграциски службеник во јужниот град По, откако му било соопштено дека неговото барање за азил е одбиено.

Од локалната полиција соопштија дека убиството се случило во центарот за азил, но не изнесоа повеќе детали за жртвата, сторителот или мотивот за убиството, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен изјави дека се упатил во центарот за азиланти во По на југозападот на Франција, откако медиумите известија дека имиграциски службеник бил избоден до смрт од страна на бегалец.

Тој на социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека веднаш ќе се упати кон градот, но не изнесе повеќе детали за инцидентот.

„Им изразувам искрено сочувство на семејството и најблиските на жртвата“, напиша Дарманен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This