дома Социјални Мрежи Мико му ја заврши кapиepaта на Гpyби – Бyдaлa

Мико му ја заврши кapиepaта на Гpyби – Бyдaлa

Некогашниот почесен конзул на Македонија во Тусон Аризона, Џејсон Мико го коментираше на Твитер неотесаниот став на првиот вицепремиер во Владата на Република Македонија, Артан Груби кој напиша дека понекогаш за да изградиш живот некој треба да умре.

Груби е будала што не треба да биде ни близу до власт“, го коментира Мико статусот на првиот заменик на премиерот Зоран Заев во Владата:

„Понекогаш за да изградиш живот треба некој да умре. А оние кои умираат за другите да живеат, тие се најискрени од Бога. Ова е целта на војната.”

(Јакуп Асипи – борец за слобода)

Слава им на мачениците на нацијата

#2мај2001“, напиша Груби на првиот ден од православниот Велигден, кога водството на ДУИ во Слупчане одбележа 20-годишнина од воениот судир со македонските безбедносни сили.