дома Социјални Мрежи МИЛЕСКИ ЗА СТАВОТ НА БАНУ: Ѓорѓија Пулевски, Белград, 1875 година, толку имам...

МИЛЕСКИ ЗА СТАВОТ НА БАНУ: Ѓорѓија Пулевски, Белград, 1875 година, толку имам да кажам

Јавноста остро реагира на Бугарската академија на науките, која се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик.


Од Владата засега на оваа тема се молчи.

Граѓанскиот активист и бизнисмен Роберт Милески сподели само еден, но вреден, пасус од втората објавена книга на од македонскиот писател и лексикограф Ѓорѓија Пулевски „Речник од три јазика“ (тријазичник), објавена во Белград во 1875 година.

Ова дело е особено значајно поради јасната концепција и отворено изнесената идеја за татковината Македонија, за македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни во словенскиот свет.