August 18, 2022, 11:45 pm

Милошевски: ВМРО-ДПМНЕ е целосно реформирана и народот тоа го препознава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милош Милошевски, новинар и аналитичар во Инфомакс, во денешното гостување во емисијата „Јади бурек“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ, не само што е реформирана, туку и дека има сосема нов и различен концепт, промена која граѓаните ја препознаваат, ја одобруваат и ја поздравуваат.

„Може колку сака да се зборува дека ВМРО-ДПМНЕ не е реформирано, но не е така, тоа се гледаи од авион. Ние ја имаме Данела Арсовска, која што беше независен кандидат за градоначалник. Таа прво ја поднесе кандидатурате, а подоцна ја доби и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е нов концепт, тоа е концепт којто кандидираше жена за претседател, професорката Гордана Силјановска, тоа е концепт која поддржа и првата градоначалничка на Скопје, која сега стана претседтел и на ЗЕЛС. Сакам да кажам дека тоа што некогаш било, се гледа дека и од авион дека не е повеќе, и тоа народот го препознава. Но мора да се напомене и дека ВМРО-ДПМНЕ ја има последната шанса да се покаже, дека нешто во Македонија може да тргне на подобро“, нагласи Милошевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја доби пораката која ја доби на локалните избори, што се гледа и во нивните проекти кои се реализираат во сите општини во кои добија градоначалничко место.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This