дома Македонија МИЛОШОСКИ ГИ ,,TPOЛА” ДИМИТРОВ И ОСМАНИ: Со кои дипломати советникот на Заев...

МИЛОШОСКИ ГИ ,,TPOЛА” ДИМИТРОВ И ОСМАНИ: Со кои дипломати советникот на Заев ви договори средби во Париз?

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски ги праша Министерот за надворешни работи Никола Димитров и Вицепремиерот Бујар Османи која била улогата на советникот на премиерот Заев задолжен за Европската Унија Љупчо Зафировски при нивната посета во Франција.

– Почитувани Бујар Османи и Никола димитров (@Bujar_O и @Dimitrov_Nikola) молам за одговор на колку средби од вашата посета на Париз присуствуваше советникот на @Zoran_Zaev, Љупчо Зафировски и истиот со кои дипломати од кабинетот на Макрон (@EmmanuelMacron) ви овозможи средби? – прашува Милошоски кој како шеф на комисијата за надворешна политика во Собранието има надележности во надворешната политика.

Прашањето на Милошоски следи откако Премиерот Заев на пратенички прашања во Собранието истакна дека Зафировски имал одлични врски со советниците на Макрон.