дома Политика Милошоски: Нема датум за преговори, Албанија работи на тоа да излезе од...

Милошоски: Нема датум за преговори, Албанија работи на тоа да излезе од пакетот со Македонија

Македонија во декември нема да добие датум за преговори со ЕУ, ниту во првата половина на следната година, тврди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски откако на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност, во Вашингтон, разговарал со европратеници.

Милошоски на својот фејсбук-профил напиша дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност имал разговори со Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија).

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јануари-јули 2022 година. Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сè уште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, напиша Милошоски на фејсбук.

Објавата може да ја погледнете ТУКА.