дома Македонија Милошоски се сретна со првиот пратеник Македонец во Албанија

Милошоски се сретна со првиот пратеник Македонец во Албанија

Денес имав чест да бидам домаќин на колешката г-ѓа Мими Кодели, претседателка на Комисијата за надворешна политика на парламентот на Албанија и политичар со богато искуство. Од г-ѓа Кодели има што да се чуе и што да се научи за политиката. Дел од нејзината делегација беше и г-н Васил Стерјовски, македонски пратеник избран од Пустец и Корча. Теми на разговор беа билатералните односи, евро-интеграциите после недобивањето на датум за преговори, како и искуството на Албанија со процесот на ветинг во правосудството, пишувуа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук.