дома Македонија МИЛОШОСКИ: Советникот Зафировски нема врска со Макрон, туку со фирмите на Заеви

МИЛОШОСКИ: Советникот Зафировски нема врска со Макрон, туку со фирмите на Заеви

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања рече дека не добил одговор од премиерот Зоран Заев за тоа кој е потписник на договорот за Љупчо Зафировски да биде назначен за посебен советник на премиерот.

-Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага за извозот на прехранбени производи од „МАМАС“ во Србија. Затоа ја крие неговата биографија – рече Милошоски и додаде дека не е задоволен од одговорот на премиерот.