дома Македонија МИЛОШОСКИ СО ЧЕСТИТКИ ЗА НОБЕЛОВЕЦОТ АХМЕД: Вojната меѓу Етиопија и Еритреја е...

МИЛОШОСКИ СО ЧЕСТИТКИ ЗА НОБЕЛОВЕЦОТ АХМЕД: Вojната меѓу Етиопија и Еритреја е преточена во миp

Честитки за премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, за Нобеловата награда за мир! Војната меѓу Етиопија и Еритреја е преточена во мир. Вистински конфликт, реално помирување и заслужено признание. Истовремено, се покажа дека номинацијата за Нобел на @Zoran_Zaev и Ципрас, пишувана со хвалоспев од амбасадорот Нано Ружин, таткото на советникот Алекс Ружин, беше и остана само ПР алатка без реална основа, како површен обид да се придобие дел од народната воља за наметнатото решение на ирационалниот грчко-македонски спор, напиша на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски откако Нобеловата награда за мир ја доби Абиј Ахмед.