дома Актуелно МИЛОШОСКИ ЈА ОБЈАСНИ ШЕМАТА НА СДСМ: СДСМ и БЕСА намерно ги одбраа...

МИЛОШОСКИ ЈА ОБЈАСНИ ШЕМАТА НА СДСМ: СДСМ и БЕСА намерно ги одбраа ИЕ 2 и ИЕ 6, затоа што таму количникот е најмал и можат да си разменат гласови!

Ние сме сериозно загрижени, бидејќи, овие избори кои што ги бараше СДСМ требаше да бидат крај на политичката криза, со почитување на изборната волја на народот во Македонија, рече на гостувањето на ТВ Нова, носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски

Изборната волја е 455 000 гласачи за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија и 20 000 гласови помалку за опозиционата СДСМ, објаснува Милошоски.

-Тоа ДИК требаше само да го верификува како што ги имаше и прелиминарните резултати. Загрижени сме што ДИК ги одложува своите седници што претседателот на ДИК прави големи паузи и одредени пропусти и гледаме дека сето тоа заедно со приговорите е еден смислен концепт за постизборен инженеринг, што значи фалсификување или изигрување на веќе изразената волја на гласачите. Неслучајно СДСМ поднесува приговори за прегласување во 6-та изборна единица и неслучајно БЕСА поднесува приговори само за прегласување во 2 изборна единица. Зошто се одбрани овие изборни единици? Затоа што таму е најмал количникот и најмала е разликата каде што СДСМ би можела со преземање на гласови од БЕСА во 6 ИЕ да добие пратеник на штета на веќе добиениот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и со исто политичка трговија СДСМ да ги даде гласовите на БЕСА во ИЕ 2 каде што БЕСА за разлика од сегашниот резултат би добила еден пратеник повеќе, би ја изиграла волјата на гласачите и би одзела пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, објаснува Милошоски.