дома Македонија Милчин за повикот од Заев за провеpkа на потеклото на имотот на...

Милчин за повикот од Заев за провеpkа на потеклото на имотот на судиите: А да почне од себе?

Режисерот Владимир Милчин го повика премиерот Зоран Заев да почне од себе со проверката на потеклото на имотот, која претседателот на Владата ја побара од Антикорупциска комисија за судиите, и тоа веднаш.

„А да ги повика своите министри, заменици, државни секретари и слично, па своите пратеници? Да почне од себе, на пример?“, порача поранешниот член на претседателството на СДСМ на Заев и бивш извршен директор на Институтот „Отворено општество Македонија“.