дома Македонија МИЛЧИН СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ КОН ЗАЕВ: Боpбата за слобода се замени со...

МИЛЧИН СО ЖЕСТОКИ КРИТИКИ КОН ЗАЕВ: Боpбата за слобода се замени со коpупција и непотизам

Новата власт ги промени приоритетите, додека протестираше против власта на Груевски приоритети беа правната држава, слободата, солидарноста кои се заменети, огромен број луѓе кои пpотестираа на улиците сега се разочарани, вели професорот Владимир Милчин кој како гостин во дебатна емисија на Ал Џезира го анализираше дејствувањето на македонската опозиција.

Според него, наместо новата власт да ги исполни ветувањата од времето кога била опозиција се соочуваме со корупцијата, клиентелизам и непотизам.

Тој истакна дека има некои специфики кога станува збор за Македонија, со оглед на тоа што пред многу кратко време државата го промени името во Република Северна Македонија, што предизвика жестоки реакции, иако постои консензус во земјава околу македонската перспектива во НАТО и ЕУ.