дома Македонија Министерката Јагода Шахпаска ќe cвeдoчи вo иcтpaгaтa зa нaбaвкaтa нa мoдyлapнитe бoлници?

Министерката Јагода Шахпаска ќe cвeдoчи вo иcтpaгaтa зa нaбaвкaтa нa мoдyлapнитe бoлници?

По инцидентот во Тетово се отворија многу прашања, околу набавката и безбедноста на ковид-модуларните болници низ земјава. Во моментов, паралелно се водат две истраги, една за причините и одговорноста за трагедијата во Тетово, друга за набавката на болниците.

Обвинителката Вилма Русковска вели дека во тек е истрагата и додека не се разгледаат целосно документите не се знае кој се ќе биде повикат да сведочи. Но, со оглед на тоа што, набавката на модуларните болници се одвиваше преку Министерството за труд и социјална политика, се очекува минисерката Јагода Шахпаска да биде меѓу првите кои ќе биде повикана.

Истрагата за пожарот во кој загинаа 14 лица во Тетово, го води Јавното обвинителство во Тетово, а вклучени се и меѓународни експерти од Германија.