дома Македонија МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОЛОГИЈА НЕМА ВРЕМЕ ДА ЗБОРУВА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО: Нуредини ги избегна...

МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОЛОГИЈА НЕМА ВРЕМЕ ДА ЗБОРУВА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО: Нуредини ги избегна новинарите несакајќи да зборува за загадувањето

Првиот човек задолжен за да се справува и да изнаоѓа решенија за надминување на овие алармантни ситуаци, министерот за животна средина Насер Нуредини нема време да одговара на новинарски прашања за загадувањето.

На презентацијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина, Нуредини откако се обрати на англиски јазик, ги избегна новинарите со образложение дека нема време.

Ова не му се случува првпат на министерот Нуредини заедно со неговата портпаролка да ги ескивираат новинарите. Според нив за да можат да излезат во јавност потребно е претходно консултирање за да се подготват за темата за која ќе дискутираат со новинарите.