дома Европа МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА ИЗРАЕЛ БАРА ОД ЕВРЕИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ...

МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА НА ИЗРАЕЛ БАРА ОД ЕВРЕИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ФРАНЦИЈА

Министерот за одбрана на Израел Авигдор Либерман ги повика своите сонародници кои живеат во франција да ја напуштат таа земја, и тоа во пресрет на конференцијата за блискоисточен мир, соопштува ,,Ерусалим пост“.


„Дојде времето кога Евреите треба да ја напуштат Франција“ -тоа не  е  Ваша земја, време е за заминување“ изјави Либерман.

Либерман таа конференција ја окарактеризира како ,,трибунал против Израел“, чија цел е да се нанесе штета на земјата и нејзиниот статус.
Во Јануари во Парис ќе биде организиран Форум кој, според организаторот, треба да ги реанимира  палестинско-израелските мировни процеси. Воедно, Израел  одби да учествува на таа конференција и ја замоли Франција да не ја одржува истата.