дома Култура Министерството за култура тоне во ѓубре

Министерството за култура тоне во ѓубре

На фотографија објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“, може да се види ѓубре во огромни количини кое е складирано под скалите во Министерството за култура.

Стар мебел, компјутери, па дури и саксија цвеќе се само дел од отпадот кој се наоѓа во близина на бифето на министерството. Во дел од коментарите на „Фејсбук“, се наведува дека за жал оваа состојба во Министерството за култура, одамна е ваква.