дома Македонија МИНИСТРИ ПРИКРИВАЛЕ НЕМОРАЛНО РАБОТЕЊЕ: Министер барал еден милион денари за да покрие...

МИНИСТРИ ПРИКРИВАЛЕ НЕМОРАЛНО РАБОТЕЊЕ: Министер барал еден милион денари за да покрие недомаќинско и неодговорно работење!

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска на собраниската Комисија за финансирање и буџет која денеска ја продолжи расправата за предлог измените и дополнувањата на Буџетот порача дека приоритет на оваа Влада е покривање на неморалното работење на институциите.

-Навистина не ми јасно како може да биде прифатен амандман на еден од нашите колеги каде што се бараше сума од еден милион денари со цела да се покрие недомаќинското и неодговорно работење на институција. Почитуван министер дали приоритет на оваа влада е покривање на недомаќинското работење на функционерите на оваа Влада или приоритет е згрижување на децата во предучилишни установи. Ако го имате податокот дека во Република Македонија околу 8 илјади деца во државата не се сместени во градинки како за вас ова не е еден од приоритетите? Дали приоритет е покривање на неморалното работење од владејачкото мнозинство додека отварање на детска градинка во населени места каде што има дечиња, а нема градинки за вас ова не е една од приоритетните цели, посочи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Митовска.