дома Македонија Мисајловски: Луѓето велат дека во изминатите речиси четири години не дочекале да...

Мисајловски: Луѓето велат дека во изминатите речиси четири години не дочекале да започне ниту еден проект

Во текот на денот заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски ги посетивме жителите на населеното место Стајковци. Луѓето велат дека во изминатите речиси четири години не дочекале да започне ниту еден проект.

Сведочат на лажни ветувања, манипулации и купи ден – продај политика. Велат дека овие луѓе мора да си заминат од власт, бидејќи државата од ден во ден се повеќе тоне.

Се согласивме дека е потребна обнова и сите заедно ќе се избориме таа да дојде на 15-ти јули, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе ја формира новата Влада на Република Македонија.

Обновата доаѓа!
#ИсправиСеМакедонијо