дома Македонија Митровски: Во илјадници пpeсмети сме посочувале на околности како тие на Jанева,...

Митровски: Во илјадници пpeсмети сме посочувале на околности како тие на Jанева, Aпелациja речиси никогаш не ја ykинувала мepката притвop

-Сега за прв пат јас во мојата 10 годишна кариера слушам јас дека судот сфатил дека обвинителот е странка во постапката, а не да биде доминантна фигура која што ќе го диктира темпото на постапката. Така да сите препукувања не се добри, мене ми се колеги и обвинителот и судскиот совет, луѓе кои што навистина ги почитувам и затоа сметам дека се непотребни ваков тип на препукувања, вели адвокатот Јанаки Митровски за Канал 5 телевизија.

Адвокатот Митровски смета дека образложението на Апелација е во рамките на законот, но во пракса многу ретко се носат вакви судскио одлуки.

-Како бранител морам да посочам дека јас и останатите мои колеги илјадници, илјадници предмети сме посочувале на вакви или слични околности па многу тешко се случувало особено апелациониот суд да ја укине мерката притвор. Веројатно се дига повеќе фама поради спецификата на самиот случај и тежината на делото. Односно позицијата која што ја имаше Катица Јанева.