дома Македонија МИХАЈЛОВСКИ: “Нeноpмaлнотo е новото нормално – Гласај и(ли) yмpи”

МИХАЈЛОВСКИ: “Нeноpмaлнотo е новото нормално – Гласај и(ли) yмpи”

-Зошто седевме дома? Зошто бевме совесни и послушни? Зошто се плашевме за себе, за саканите и за комшиите? За џабе.

Ние сме првите што потпишале капитулација со пандемија. И тоа е само уште една во низата капитулации кои што оваа неспособна и патолошка елита на власт ги потпиша, претставувајќи ги како победа. Капитулиравме во економијата, дипломатијата, образованието, здравството, културата, спортот, слободата на говор. Можеби тоа се “капиталните” проекти кои беа ветувани. Сега ќе ја фрлиме во канта заедничката одговорност за јавното здравје, ќе ги избришеме сите #тараби, ќе запееме “корона здраво”, ќе го гушнеме вирусот, а тој ќе биде милозлив и ќе ни дозволи фер и демократски избори. И не само што ќе ни дозволи туку ќе има и свои листи на истите избори. Носители ќе му бидат Неспособноста, Криминалот, Корупцијата, Предавството, Омразата и Незнаењето.

А зошто да не? Ионака имавме интелигентен вирус кој напаѓаше само од 19ч, за викенди и за православните празници, а најопасен, убиствен беше на лажиче.
Нејсе, додека едни го убија вирусот, други го победија, ние решивме да капитулираме.
п.с. предлог за нови #тараби до фабриката за пропаганда на Вирусот Владетел. Вирусот е на власт! Вирусот има своја држава! Да живее вирусот!!! Вирус за сите! Животот е новиот вирус! Вирусот е новиот живот! Гласај со вирус, за вирус! Ненормалното е новото нормално! Е*ем ти народ без вирус! Петре е каде каде потрезен во вториот дел од дебатата! Гласај и(ли) умри!, напиша актерот Тони Михајловски на Фејбук.