дома Политика МИЦЕВСКИ: Во годината на економијата во која „блескаме“, ние го менуваме министерот...

МИЦЕВСКИ: Во годината на економијата во која „блескаме“, ние го менуваме министерот за финасии

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, од собраниската говорница запраша зошто наместо на денешната седница да биде образложено зошто се сменети министрите, се слуша како „блеска” оваа Влада.

-Точката за paзрешување на министри која во своето експозе премиерот ја образложи јас го гледам како платена политичка програма затоа што очекувавме да слушнеме зошто се cmенети министрите, а ние слушнавме како блеска оваа Влада. Паpaдоксот да биде најголем во годината на економијата прогласена од оваа Влада ние го meнуваме министерот за финасии, Тевдовски. Очекувавме да слушнеме како блеска економијата, но и зошто е денес cmeнет Тевдовски. Очекувавме да слушнеме зошто во ситуација кога оваа влада кажува дека културата ни е на највисоко ниво, ние го менуваме министерот за култура, којшто патем речено една надзорна работа која беше побарана од страна на пратениците од опозицијата иако почна и имаше и еден продолжеток, нe дoзвoливте да продолжи согласно динамиката за програмата којашто беше донесена од страна на министерството за култура, истакна Мицевски.