дома Економија МИЦКОСКИ:Кривичната пријава е груб атак и обид за нарушување на мојот личен...

МИЦКОСКИ:Кривичната пријава е груб атак и обид за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет и како професионалец, универзитетски професор и како човек

Кривичната пријава е поднесена против мене за нешто за коешто воопшто не сум бил актуелен во тој период, моето именување се случи од септември 2016 година, вели првиот човек на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски за ТВ Нова, во коментар за кривичната пријава за загадување на животната средина што против него ја поднесе здружението „За на се работи“.

Тој додаде дека станува збор за политички монтиран случај против него во отсуство на други реални аргументи.

-Да оставиме Основното Јавно Обвинителство да си ја заврши својата работа и тие да кажат дали е основано или не. Јас можам само да заклучам дека станува збор за груб атак и обид за нарушување на мојот личен интегритет и авторитет, истакна Мицкоски.