дома Актуелно МИЦКОСКИ: Ајде сите заедно да го продолжиме аманетот на нашите дедовци, да...

МИЦКОСКИ: Ајде сите заедно да го продолжиме аманетот на нашите дедовци, да му ставиме крај на овој ужас, да го поразиме злото

По завршувањето на првиот круг од локалните избори преку социјалните мрежи се огласи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

-Почитувани сограѓани, браќа и сестри, Ви благодарам и Ви се поклонувам што ја поддржавте светлината, разденувањето, желбата за поинаква Македонија. Нашата борба тука не запира. Вековниот стремеж кон подобро утре, посреќна иднина и вистинска Македонија, продолжува. Ајде сите заедно да продолжиме да чекориме по тој пат, ајде сите заедно да се обединиме и да продолжиме онаму каде што застанавме. Ќе се обидат да не негираат, омаловажуваат, понижуваат, делат и што ли уште не…, но Ве молам немојте, ама никогаш немојте да заборавите дека ВМРО тече во вашите вени и е дел од вашите животи, ајде сите заедно да го продолжиме аманетот на нашите дедовци, да му ставиме крај на овој ужас, да го поразиме злото. Немојте никогаш да заборавите:
„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева”.
Со искрена почит до Вас браќа и сестри, пишува Мицкоски на Фејсбук.