September 29, 2022, 8:55 pm

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за демократијата и демократските процеси во земјата вклучувајќи ја и темата за изборниот модел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на една изборна единица истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за демократијата и демократските процеси во земјата вклучувајќи ја и темата за изборниот модел, а политичките партии треба да покажат определен квалитет.

„Ние сме го кажале нашиот став и по ова, ќе повторам ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара на секоја тема, посебно кога станува збор за демократијата и демократските процеси во нашата Македонија вклучително и ова кое што сега вие го споменувате, слушнав дека неколку пратеници гласно зборуваат за реформа во изборниот модел и ние сме тука, подготвени сме да разговараме, да го видиме тоа на маса, да видиме која е замислата, една, три, да остане истиот модел, со цензус, колкав би бил тој цензус и така натаму, има некаков изборен праг бидејќи знаете демократијата нема да добие ако поединци влезат во парламентот и пратеничкото столче го користат како што бевме сега скоро сведоци за еден таков пратеник за себе пазарење и за непринципиелни прифаќања на понуди кои што се случија изминатиот период би рекол и години, започнувајќи со онаа трговија за време на уставните измени. Така што да покажат треба политичките партии некој определен квалитет, да има определен праг, подготвени сме да разговараме зошто да не“, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This