дома Актуелно МИЦКОСКИ ГО ВРАТИ ЗАЕВ НАЗАД ВО РЕАЛНОСТА: Донесовте чемер и јад, ја...

МИЦКОСКИ ГО ВРАТИ ЗАЕВ НАЗАД ВО РЕАЛНОСТА: Донесовте чемер и јад, ја урнавте секоја позиција во преговорите со Македонија!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го врати Заев во реалноста, откако премиерот се обиде да продава утописки тези на јавноста, ветувајќи им дека промената на идентитетот нема да промени многу работи во секојдневниот живот, користејќи ја уличната теза „нема патриотизам на празен стомак“

 

Донесовте чемер и јад, наместо економски просперитет – рече Мицкоски, враќајќи го Заев во реалноста на процесот на преговори, потсетувајќи го дека за предлогот Илинденска Македонија веќе се огласи и Грција која го отфрли овој предлог.

Она што сега го направи Зоране е тоа што ги урна сите преговарачки позиции на Македонија, додаде Мицкоски, коментирајќи го барањето на министерот за надворешни работи Никола Димитров за „мудрост и нерви“.

„Еве ќе му испратиме мудрост и нерви па да видиме што ќе направи“ – рече Мицкоски.