October 6, 2022, 8:54 pm

Мицкоски го честита Денот на Албанската азбука: Ние како Македонци го почитуваме овој ден бидејќи е од голема важност за нашите сонародници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Азбуката и нејзиното стандардизирање е клучен момент за развојот на еден јазик, неговата граматика и книжевност. На денешен ден е стандардизирана албанската азбука, и со тоа почнува еден нов период за нивниот културен развој, им го честитам на сите припадници на албанската заедница денешниот ден, и му посакувам уште многу дела и културни достигнувања на овој народ, стои во честитката на проф. д-р Христијан Мицкоски по повод денешниот празник, Денот на Албанската азбука.

– Само низ културата и со развој на книжевноста народот не само што расте, се развива и созрева, туку и остава пишан материјал, кој е сеќавање за заедницата. Ние како македонци тоа многу добро го знаеме, и затоа и го почитуваме овој ден кој е исто така од голема важност за нашите сонародници. Само со творештво ќе го придвижиме општеството напред. Затоа низ културата и науката да го бараме напредокот и да одиме напред, вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This