дома Македонија Мицкоски за Бугарија: Haмecтo дa бapaат да бpишeмe yчeбници тpeбa дa дojдaт...

Мицкоски за Бугарија: Haмecтo дa бapaат да бpишeмe yчeбници тpeбa дa дojдaт oвде и дa мy ce извинaт нa oвoj нapoд

Шоканта е изјавата на премиерот Зоран Заев за бришењето на „бугарски фашистички окупатор“ од учебниците, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој додава дека по промената на власта историјата ќе биде вратена така како што ја признава светската историја.

Веднаш при промената на власт, ние не сме талибанци, да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти такви какви што светската историја ги признава. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти. И наместо да бараат да бришеме учебници треба да дојдат овде и да се извинат на овој народ, рече Мицкоски.